Пици збогатени со канабис во рестораните на Њујорк?

 

Пред да истече годината, њујорчаните можеби ќе можат само да нарачаат парче пица со канабис  за вечера. Државната канцеларија за управување со канабис на оваа сојузна америчка држава неодамна расправаше за регулативите кои ќе им овозможат на пицериите и другите ресторани да продаваат оброци натопени со канабис и претходно спакувани јадења кои го содржат ова растение. Доколку регулаторите го потпишат планот, на бизнисите во јурисдикции кои се вклучија во легалната индустрија за канабис ќе им биде дозволено да аплицираат за лиценци што ќе им дозволат да ја служат оваа храна.

Портпаролот Арон Гителман потврди за New York Post дека овие планови се дефинитивно реални, но предупреди дека регулаторите не ја одобриле целосно идејата. Тој, исто така, истакна дека „регулативите за инфузирани прехранбени производи сè уште не се објавени“. Њујоршкиот закон за употреба за возрасни , кој стапи на сила пред нешто повеќе од една година, не воспоставува одредби кои дозволуваат рестораните да служат вака приготвена храна. Но, исто така, конкретно не им забранува да го прават тоа, според државната сенаторка Лиз Кругер, еден од водечките спонзори на законот за легализација.

Сепак, законот вклучува некои регулативи кои би можеле да ги отежнат работите за пицерииите. Како прво, државата му забранува на секој бизнис што продава трева да продава и алкохол. Значи, потенцијалниот ресторан ќе треба да се откаже од лиценцата за алкохол за да добие лиценца за канабис, а губењето на приходите од продажбата на алкохол може само да ги обесхрабри рестораните да аплицираат за овие нови лиценци. Исто така, нелегално е да се продава трева на секого помлад од 21 година, а ова ограничување веројатно ќе ги принуди рестораните за канабис да им забранат на сите малолетници да влезат во нивните простории.

Овие прописи можеби нема да се реализираат до крајот на оваа година, но се на пат да се реализираат во оваа  држава. Повеќето други сојузни држави избраа да го спречат црниот пазар насочувајќи ги локалните полицајци да вршат рација во нелегални или бизниси на сивиот пазар. Њујорк, од друга страна, досега се обидуваше да престане да кривично ги осудува луѓето поради поседување на канабис. Одлуката на државата беше да дозволи јавно одгледување на канабис во саксии и со тоа значително го намали бројот на апсења. Новиот регулаторен предлог ќе им даде шанса и на сопствениците на ресторани да ја користат легално.

Извор

Skip to content