Мега корпорацијата “Амазон“ официјално е активен поддржувач на легализацијата на канабисот

Без разлика дали сте рамнодушни или не ја сакате мега-корпорацијата на Џеф Безос која емитира исто толку јаглерод диоксид како и земјата Норвешка, нема ништо спорно во фактот дека оваа корпорација се приклучи кон напорите за донесување на федерален закон во САД како подржувач на легализацијата на канабисот. Влијанието на “Амазон“ би можело да направи голема разлика во притисокот за да се донесе федерално законодавство за канабисот во САД па и ширум светот.

Овај јуни, компанијата стана веројатно најмејнстрим корпорацијата во светот која ја поддржува легализацијата на канабисот кога објави промена на размислувањето во нејзината политика за марихуаната. Корпорацијата, исто така, вети дека активно ќе го поддржи  предложениот нацрт-закон за легализација на канабисот во САД. „Мислам дека ако “Амазон“ може да ја даде својата политичка поддршка за федералните реформи и да ги финансира напорите на државно ниво, тоа би било нето позитивно за движењето за реформи во канабисот во оваа земја“,  неодамна изјавил Метју Швајх, заменик директор на Проектот за политика за марихуана од оваа фирма.

Врските на “Амазон“ со Националната организација за реформа на законите за марихуана (NORML) и корпорацијата за канабис Canopy Growth Inc  би значеле дека компанијата сериозно бара да развие план за влијание врз политичарите за да ја поддржи федералната легализација на билката.  Огромното богатство на “Амазон“ и Безос  секако би можело да биде корисно кога станува збор за убедување на америчките политичари да се легализира рекреативниот и медицинскиот канабис. На крајот на краиштата, 90% од населението на САД е за легализација, а веќе 18 држави имаат закони за употреба на марихуана за возрасни, при што 37 држави уживаат некаков вид на пристап до медицинска марихуана. Очигледно е време!

Многумина претпоставуваа дека компанијата можеби само сака да влезе во бизнисот со канабис со огромен потенцијал, но претставници на корпорацијата сега засега  ги негираат овие претпоставки. Има и загриженост дека “Амазон“ би можел да се обиде да ги истисне малите бизниси кои можат да успеат во овој простор. Дали мега-корпорацијата како “Амазон“ ќе лобира за еколошки одржливи индустриски регулативи и ќе застане во заштита на капиталот од малите бизниси со канабис? Само времето ќе покаже каков сојузник во “Амазон“ добива агендата за легализација на канабисот.

Извор

Skip to content