За американците марихуаната е побезбедна од алкохолот и цигарите

Американците сметаат дека марихуаната е значително помалку опасна од цигарите, алкохолот и опиоидите. Исто така мислат дека канабисот прави помала  зависност од секоја од тие супстанции. Во анкетата  е вметната и зависноста од технологијата. Истражувањето објавено од Американската психијатриска асоцијација  (AПА) го разгледа јавното мислење за опасностите и зависноста од шест различни супстанции, вклучувајќи ја и технологијата. Анкетата опфатила 2.201 возрасни лица од 20 до 22 април, 2023г,  со +/-2 % поени маргина на грешка .

Луѓето ги сметаат за небезбедни:

  • цигарите 84%,
  • алкохолот 64%,
  • опиоидите на рецепт 66%,
  • опиоидите без рецепт 75%
  • никотински испарувања 76%
  • канабисот 64%
  • технологијата 23% (само оваа ставка луѓето сметаат дека е побезбедна од канабисот)

Пораката е дека дека цигарите се поопасни и создаваат зависност !

Запрашани за причините за зависноста, одговорите биле следни:

  • 47% рекле дека тоа е резултат на „лична слабост“,
  • 76% рекле дека зависноста е медицинска состојба,
  • 93% рекле дека нарушувањата од употребата на супстанции може да се лекуваат.
  • 76% рекле дека состојбата може да се спречи.

Во 2022 година, опиоидите убиле повеќе од 100.000 луѓе, ова е податок од извршниот директор и медицински директор на АПА, Саул Левин.

Наодите во голема мера се во согласност со промената на јавната перцепција во однос на алкохолот и марихуаната на национално ниво, при што помалку луѓе гледаат на канабисот како сериозно опасна супстанција бидејќи повеќе држави се движат кон легализирање на растението за медицински и рекреативни цели. Јавното образование, исто така, придонесе за зголемување на свеста за штетите од алкохолот. Минатите анкети покажаа дека многу луѓе користат марихуана како медицинска поткрепа.

Извор

Skip to content