Научниците ја открија точната причина зошто марихуаната го зголемува апетитот

За прв пат, научниците идентификуваа што точно се случува во мозокот по употребата на марихуана што предизвикува ќувство на глад, покажува новото федерално финансирано истражување.

Истражувачите од Државниот универзитет во Вашингтон (WSU) ги објавија наодите во списанието Scientific Reports, откривајќи како канабисот активира специфичен кластер на неврони во регионот на хипоталамусот на мозокот што го стимулира апетитот.

Ефектите на марихуаната кои предизвикуваат глад се познати кај конзументите, но сега резултатите од новото истражување над животни нудат сознанија кои би можеле да помогнат до развој на насочени терапевтски средства за луѓе со состојби како што се анорексија и дебелина.

Откако испитните животни биле изложени на испарувања од канабис, истражувачите користеле технологија за снимање на нивоата на калциум (слична на MRI) за да ги следат промените во активноста на невроните. Тие откриле дека пареата на марихуаната се прицврстува на рецепторите на канабиноид-1 во мозокот и ги активира таканаречените неврони за „хранење“ во хипоталамусот  поврзани со протеинот Agouti (AgRP).

Ефектите на канабис сатива кои го поттикнуваат апетитот познати се со векови, меѓутоа, а изненадувачки е дека биолошките механизми што стојат во основата на овој процес останаа во голема мера непознати.

Кога на глувците им се дава канабис, се активираат неврони кои обично не се активни, изјавил Џон Дејвис, доцент по невронаука на WSU, во соопштението за печатот во вторникот додавајќи дека „има нешто важно што се случува во хипоталамусот по допир со канабисот“.

Поточно кажано, студијата покажала „фармаколошко активирање на CB1R атенуираниот инхибиторен синаптички тон врз невроните на гладот кои ги промовираат Agouti поврзаните пептиди (AgRP) во MBH“, или медиобазален хипоталамус.

Поважно е тоа што студијата вклучувала  испарувања од марихуана, наместо инјектирана THC како во претходните истражувања на животни. Така што се верува дека наодите попрецизно ја прикажуваат активноста на мозокот што е применлива за луѓето кои консумираат канабис.

Извор

 

Skip to content