Кои сме ние

НВО Канабис Институт Пелагонија (НВО КИП), од Прилеп е граѓанско здружение кое работи во областа на промоција на либерални политики за канабис во РС Македонија. Како здружение, ние сме релативно млада организација која што започна како grass-root иницијатива водена од неколку лица, кои имаа желба и беа подготвени да ја промовираат идејата за политика на полиберален пристап кон растението канабис и максимизирање на потенцијалите што се присутни во економскиот, социјалниот и здравствениот сегмент на нашето општество.

Во изминатите години, се појави нов тренд кој води кон декриминализација и легализација на канабисот. Овој тренд е најсилно изразен во Северна Америка, но присутен е и во Европа , но со послабо темпо. Следејќи ги овие меѓународни тенденции и чувствувајќи ја потребата за радикална промена на политиките, НВО Канбис Институт Пелагонија е основан како олицетворение на потребите на македоската популација.

Skip to content