Промоција на либерални политики за канабис во Македонија

Започнувајќи од 2016 година, РС Македонија се наоѓа во мала група на прогресивни земји кои имаат либерални политики за производство и употреба на канабис за медицински и научни потреби (Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Сл. Весник на РМ 37/2016). Овој сектор нуди можност за развој на нова економска дејност, нови парични токови и нови даночни приливи. Во моментов (февруари 2020), во РС Македонија, отворени се 42 вакви компании, а уште неколку се во процедура.
Но дополнителен светски тренд, а исто така и нов пазар е бизнис моделот за легализација на рекреативната употреба на канабисот. Самиот концепт на легализација би значел изнаоѓање на соодветен правен и економски модел за максимално искористување на бенифитите од канабисот на економски, здравствен и социјален план. Ова би значело: нов земјоделски сектор, силен импакт врз туризмот, трговијата, производството на кондиторски производи и фармацијата, подобра понуда на здравствена заштита, намалување на криминалот и дестигматизација и реинтеграција на одредени ризични групи во нашето општество. Позитивните економски влијанија би се осетиле пред се и во државниот буџет како прилив на средстава по однос на данок. Од друга страна, дел од државните органи би имале намалена работа и активности, што би довело до намалување на нивните буџети (според светски искуства, 20-30% кај Министерстото за Правда и Министерството за Внатрешни Работи).
Во 2019 година, светскиот пазар за канабис (за медицинска и рекреативна употреба, заедно) имаше вредност од скоро 17 милијарди (американски) долари, со проценки дека истиот ќе достигне неверојатна вредност од 146 милијарди долари во 2027 година (според Grand View Watch). 1/3 од овој пазар се однесува на медицинската употреба на канабис, а 2/3 на рекретивната употреба на. По однос на вработувања, во секторот работат повеќе од 160.000 луѓе, со проекција дека до 2021 истиот ќе вработува повеќе од 400.000.
РС Македонија многу лесно може да земе учество во овој пазар. Со правилно избрано законско решение, македонската економија може да генерира големи приходи кои ќе придонесат за поквалитетен живот на населението. Според многу паушална проекција, македонскиот нелегален пазар за канабис, на годишно ниво иснесува околу 30-50 милиони евра. Легализацијата на овој нелегален пазар ќе донесе многу корисни моменти, пред се: нов даночен прилив и нови вработувања. Дополнителен сегмент би бил пазарот за производство на индустриски коноп и преработка на истиот во разни индустрии (текстил, храна, градежни материјали и сл.). Легализацијата на овој сектор би достигнала пазарна вредност од 900 милиони евра (според предвидувањата на Prohibition Partners).
Позицијата на нашите организации (КИП, ТР, Бивиум, ЗУВО, ЦСЛУ, ЕМ и Мама Органа) е да помогнеме во изработка на реална анализа за пазарот за рекреативна употреба на канабис (компаративна анализа на правни модели, развој на стратегија, воспоставување на работни тела за следење на секторот, драфтирање на соодветно законско решение и промоција на концептот за легализација на канабисот во РСМ) која ќе и помогне на Владата на РСМ во изборот на најсоодветно решение и воспоставување на добра пракса.
Нашето барање е насочено до кабинетите на Премиерот на РСМ, заменик премиерот задолжен за економски прашања и на министерот за здравство, и истото е форматирано како барање да бидеме вклучени и да помогнеме во процесот на анализа за избор на најсоодветен модел за реализација на потенцијалите на оваа област.
Лице за контакт e Филип Секулоски (078/246-732 // f.sekuloski@gmail.com // kanabisinstitutpelagonija@gmail.com ), како претставник на неформаланта мрежа на граѓански организации и компании:
Канабис Институт Пелагонија Прилеп,

 

Театарска Работилница Прилеп,

Бивиум Штип,

ЗВРО Прилеп,

Мама Органа Скопје,

Центар за современи ликовни уметности Прилеп и

Епилепсија Македонија Кривогаштани.

Skip to content