Вуди Харелсон ја отвора својата прва продавница за канабис во Западен Холивуд, „The Woods“

Во еден од најсреќните денови во годината, петок 13-ти, Харелсон со церемонијата на сечење лента ја отвори својата нова продавница за канабис во Западен Холивуд. На церемонијата присуствувале градоначалникот, директорот на Стопанската комора на градот, како и сопругата на Харелсон, Лаура и неговите менаџери.

„Се надеваме дека додадовме повеќе убави времиња овде. Се надеваме дека ќе ги направиме граѓаните на Западен Холивуд малку ‘повисоки’ “, изјавил Харелсон во според Холивуд Репортер  „Во најдобриот ден што го имал по долго време“.

„The Woods“ лоциран на бул. Санта Моника бр. 8271, е бутик со едношалтерски систем. Партнери се познати личности како Бил Махер и уметникот Томас Шус. Покрај продажбата на сè, од израснато цвеќе до разлиќни рецепти на јадења, продавницата исто така се очекува да стане една од салоните за јавна потрошувачка.

Подоцна истата вечер, во театарот Рикардо Монталбан, Харелсон ја прими 18-тата годишна награда за животно дело Вили Нелсон на Емералд купот како посветен активист. Претходните лауерати се иконите како Томи Чонг и самиот Вили Нелсон.

Харелсон се придружува на долгата и растечка листа на познати личности кои во последниве години создадоа свои брендови за канабис, продавници или производствени компании, како што се Бернер , Б-Реал , Ред Мен , Вили Нелсон и Снуп Дог . Харелсон припаѓа на горниот ешалон на личности кои јавно се залагаа за легализација на канабисот.

Извор

Skip to content