Израелска компанија комбинира печурки со марихуана за лекување на разни болести

Израелската компанија за медицинска марихуана Cannabotech истражува како различни комбинации на канабиноиди, билки и печурки може да третираат различни болести

Денес, ваквите мешавини го претставуваат врвот на растечкото движење кое користи природни растенија и габи за лекување на болести кои лошо се решаваат со сегашните фармацевтски лекови.

Израелската компанија за медицинска марихуана Cannabotech истражува како специфични мешавини на канабиноиди, лековити билки и печурки можат ефикасно да третираат различни медицински состојби. Досега, компанијата има развиено пет специфични мешавини наменети за лекување на рак на дебелото црево, неплодност, замастен црн дроб, воспаление и срцеви или васкуларни заболувања. Сите овие производи моментално чекаат клинички испитувања.

Секое растение канабис има 30-40 канабиноиди кои се активни во телото и вкупно неколку стотици канабиноиди“, рече коосновачот и извршен директор на Cannabotech, Елчанан Шакед за Globes – „Ние веруваме дека тајната на активноста на растението лежи во канабиноидите кои се појавуваат во мали количини во растението. Доколку ги промените соодносите меѓу нив и ја зголемите нивната концентрација во финалниот производ, може да се постигне многу висока медицинска ефикасност и уникатни соединенија за третман на разни болести.

Шекед изјавиl дека неговата компанија ќе ја „користи науката“ за да докаже дека уникатните соодноси на канабиноиди на неговата компанија ќе се покажат поефикасни од соодносите што се наоѓаат во природно одгледуваните растенија. Други истражувачи, исто така, моментално работат на создавање на свои специфични мешавини на канабиноиди за таргетирање на специфични болести, но Cannabotech ја носи идејата уште еден чекор понатаму со вклучување на печурки во мешавината.

Друга карактеристика што ја издвојува Cannabotech од другите компании за истражување на медицинска марихуана е фактот што има намера да го темели својот развој врз сопствени средства, наместо да се потпира на приватни инвестиции.

Неодамнешните студии открија дека псилоцибинот може да им помогне на пациентите да ја надминат депресијата, совладаат алкохолизмот и анксиозноста Тековните испитувања истражуваат како оваа психоделична габа може да ја третира и анорексијата. Американската администрација за храна и лекови сега  спроведува клинички испитувања кои би можеле да доведат до легализација на терапијата со помош на псилоцибин во следните неколку години.

Извор

Skip to content