Отворен е првиот канабис коктел бар во Јужна Каролина

Канабисот за возрасни можеби сè уште е нелегален во Јужна Каролина, но тоа не е пречка за отворање на првиот државен коктел бар за канабис .

Канабис  барот е лоциран на островот Џејмс и е најновиот потфат на High Rise Beverage Company, локален производител на пијалоци со CBD и THC. Новиот бар, на локација  Charleston Hemp Collective нуди разновидни производи од канабис и други безалкохолни пијалоци. Клиентите исто така можат да купат низа традиционални производи од канабис, вклучувајќи гуми за џвакање, тинктури, чаеви итн

„Тој е истовремено велнес бар“, појаснува основачот на High Rise и Charleston Hemp Collective, Мет Скинер. „Во моментов актуелно е неалкохолно движење. Многу од новите генерации  повеќе не пијат алкохол, а ние се повеќе се едуцираме за медицинските придобивки од растението канабис“. „Пред шест години престанав да пијам алкохол и не можев да имам дел од социјалното, знаете, уживање што го имав порано [кога] одев во барови. Чувствувам дека овој простор штотуку ја создаде таа социјална средина каде што можете повторно да излезете и да уживате без да имате аспект на алкохол“ – сведочи косопственикот на High Rise, Крис Лонг

Секој од коктелите на барот се приготвива со делта-8 или делта-9 THC добиен од канабис. Опциите за употреба само на  CBD се исто така достапни за секој што тоа го сака, а барот продава и безалкохолно пенливо вино. За клиентите кои сакаат да добијат дополнително „просветлување“, се нудат поединечни делта-8 или делта-9 вегански гуми за џвакање.

Финансиските аналитичари проценуваат дека американскиот пазар на легални пијалоци би можел да достигне речиси 3 милијарди долари до 2025 година. Додека продажбата на пијалоци од канабис вртоглаво расте, традиционалната продажба на алкохол почнува да се намалува . Зголемената популарност на овие пијалоци  се повеќе привлекува искусни претприемачи да отворат ваков тип барови и ресторани.

Извор

Skip to content