Марихуаната дозволена на „Октобер фест“ ?

Големиот фестивал на пивото „Октобер фест“ оваа година можно е да биде прогласен како слободна зона за  употреба на канабис, иако беше легализиран ноедамна на1 април. Легализацијата наиде на поголем отпор кај конзервативната заедница во оваа земја.

Организаторите на овај фестивал мора да го имаат предвид новиот момент со легализирањето на канабисот и да го инкорпорираат во настанот. Возрасните можат да носат, одгледуваат ограничени количини на канабис, но противниците на овој закон веруваат дека црниот пазар ќе цвета на товар на полицијата и лошо ќе влијаее на здравјето на младите

Неможејќи да го спречат донесувањето на законот за легализација на федерално ниво, неговите противници се многу активни во проблематиката на негова имплементација на локално нивоа, а поготово конзервативните сили се активни во Баварија – каде овај фестивал се одржува . Заради тоа можни се и рестрикции во користење на канабисот во локалните паркови за време на фестивалот или на други места, а како предлог солуција се нуди формирање на слободни зони каде единствено таму ќе може да се консумира канабис.  Иако и со федералниот закон има рестрикции како онаа дека не смее да се пуши канабис во зона од 100м до школо.

Германија очигледно се соочува со пречки на патот по легализацијата на канабисот и искуствата од тоа ќе бидат вредни за сите земји кои ја легализираат марихуаната.

Извор

Skip to content