Визија и мисија

Визија: Канабис Институт Пелагонија е агент за промена во процесот на интеграција на канабисот како составен дел на современото општество, преку обезбедување на економски, социјални и медицински бенефиции на секој граѓанин и подобрување на квалитетот на животот.

Мисија: Постојана промоција на сите видови на либерални политики, поврзани со канабисот, и на други развојни процеси преку уникатни и соодветни бизнис модели.

 

Долгорочни главни цели на здужението се:

  • Промоција на либерални политики за одржливо искористување на придобивките од канабисот, на економски, медицински, социјален и еколошки план,
  • Добро владеење, партиципативност и политики насочени кон подобрување на квалитетот на животот на сите луѓе,
  • Промоција на одржливи бизнис модели во локалните, регионалните и во националните економии на РС Македонија и други земји, со посебен фокус на: рурален развој, земјоделие, туризам, култура, креативни индустрии, издаваштво и други сектори,
  • Промоција на иновативни пристапи при решавање на предизвици кои задираат во сферите на економијата, социјалната кохезија и екологијата,
  • Намалување на штетноста од употрба на дроги и психотропни супстанци во македонското општество и промоција на иновативни модели за намалување на штети
  • Организациски / институционален развој.

Други цели на здружението се:

  • Да организира манифестации, јавни дебати, јавни настани, презентации, научни и образовни конференции за промоција на придобивките од употребата на канабисот во современото општество,
  • Изработка на анализи, стратегии и други видови на документи, неопходни за поддршка на погоре наведените политики, сектори и бизнис модели,
  • Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на употребата на канабисот и конопот во медицински, научни, индустриски и рекреативни цели како и да учествува во следење на нивната имплементација;
  • Да организира и спроведува обуки за развој на капацитетите на своите членови и на други заинтересирани страни;
  • Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации и мрежи, кои работат на иста или слична проблематика;
  • Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението и неговите членови.
Skip to content