Легализација на канабисот во Германија

Германија е на пат да ја легализира рекреативната употреба на марихуана. Безбедноста и јавното здравје ќе бидат врвни приоритети во претстојното законодавство, изјавил министерот за здравство

Германската влада продолжува со плановите за законодавство за легализирање на потрошувачката на канабис . Министерот за здравство Карл Лаутербах во изјавил  дека нацрт-законот се планира да биде готов до крајот на годината.

Претстојната легислатива е „долгоочекуван чекор за многумина“, рекол Лаутербах, додавајќи дека владата ќе го примени принципот „безбедноста на прво место“ во нејзините напори за легализација на употребата на марихуана.

„Сегашниот, првенствено репресивен начин на справување со канабисот не успеа“, рече Лаутербах.

Германската трипартиска коалициска влада на Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) се залага за легализација на канабисот и се залага за „контролирана дистрибуција на канабис за возрасни за консумирање“ во својот коалициски договор.

Лаутербах го менува својот став за канабисот

Лаутербах претходно беше против легализацијата на канабисот, наведувајќи ги здравствените ризици. Иако ставот на министерот за здравство се промени во текот на изминатите две години, тој сепак повика дека треба да се разјаснат клучните детали за ова прашање.

Тој изјавил дека заштитата на малолетниците и аспектите во врска со кривичниот законик, даночниот и законот за патен сообраќај треба внимателно да се разгледаат.

„Употребата на канабис не е мала работа за младите, а особено за децата, и може да уништи живот пред тој навистина да започне“, рече министерот. Сепак, тој исто така ја препозна потребата за добро обезбеден, квалитетен пристап без криминализација како нешто што „мора да се прифати и е дел од модерното општество“.

Во моментов, околу 4 милиони возрасни луѓе во Германија кои користат канабис.

Извор

Skip to content