Европа треба да го следи примерот на Малта на реформите за канабисот

Боничи, поранешен министер за правда, а сега министер за еднаквост, истражување и иновации на Малта, изјави за Еуроњуз дека новиот закон, усвоен од парламентот на Малта во декември 2021 година, им дозволи на рекреативците поседување на мали количини канабис.

Новите правила за канабис на Малта треба да послужат како модел за другите европски држави како да се стави крај на непотребното гонење на обичните корисници на канабис и да се зададе удар против организираниот криминал, според одговорниот министер, Овен Боничи.

Но, исто така, им овозможува на корисниците и, на крајот, на непрофитните организации да одгледуваат растенија канабис и да го дистрибуираат преку здруженијата за канабис, што значи дека крајните корисници повеќе не мора да ја набавуваат марихуаната преку црниот пазар.

Законот на Малта им дозволува на корисниците да носат седум грама дрога и да складираат до 50 грама дома, што ја прави првата држава на ЕУ што го легализирала канабисот. Законот беше критикуван од црковните групи и невладините организации во земјата.

Германскиот канцелар Олоф Шолц е за легализација на канабисот во Германија, но новата влада на земјата не постави временско ограничување на реформите.

Холандија е светски позната по достапноста на канабис, сепак останува нелегално поединците да го продаваат или поседуваат канабисто, а „кафе-шоповите“ кои имаат дозвола да го продаваат мора да го купуваат на големо на црниот пазар, поттикнувајќи го.

Голем број европски држави, вклучително Италија, Шпанија, Белгија и Ирска, ги укинаа затворските казни за поседување марихуана, но во 14 од 28 европски држави — вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Франција, Германија, Австрија — поседувањето на канабис уште води до затворска казна.

Дури и во европските држави каде што канабисот е „декриминализиран“ и оние кои се фатени со мали количини од производот не се апса, но сеуште го купуваат на црниот пазар.

„Бескорисно е да се каже дека можеш да имаш пет грама, но потоа во исто време да не обезбедиш безбеден и регулиран пат од каде да се набави канабис“, рече Боничи. „Не можете да го направите едното, а не и другото“

Извор

 

Skip to content